„Граѓаните“ веднаш им се вратија на победите

Манчестер сити експресно го остави зад себе разочарувачкото реми со Кристал палас, отворајќи ја новата година со лесна победа од 3-1 на дуелот со Ватфорд.

Де Бруин и покрај повредата од пред два дена успеа да се рехабилитира и да се врати во стартниот тим, а Гвардиола на располагање го имаше и Давид Силва. Првиот погодок беше постигнат за помалку од една минута, кога Стерлинг рутински реализираше по центаршутот на Сане. На 2-0 зголеми Кабаселе со автогол, а третиот погодок за лидерот на табелата го постигна Агуеро.

Гостите во финишот го ублажија поразот со голот на Греј во 80. минута.

Се вчитува...