Гранде Буфон: Барса и Монако дадоа 302 гола сезонава, но ниту еден на Џиџи

Мрежата на Џанлуиџи Буфон остана мирна и во Монако, против ’најстрашниот напад’ во ЛШ оваа сезона. Претходно, тој успеа да ја сочува мирна и во двата меча против Барселона. Гранде Буфон сега е 621 минута без примен гол во Лигата на шампионите, а тоа што го направија тој и неговите соиграчи, пред се од одбраната, е за максимален респект.

За тоа доволно говорат бројките. Барселона и Монако оваа сезона имаат постигнато вкупно 302 гола во сите конкуренции, но ниту еден – на Џанлуиџи Буфон. Легендарниот Џиџи и вечерва имаше неколку фантастични интервенции, бранејќи ги ударите на Мбапе, Фалкао и на Жермен.

Се вчитува...