Македонски ракометни тинејџери кои учествувале на летниот подготвителен ракометен камп на поранешната ракометарка Андријана Будимир во Неи Пори, Грција, физички се пресметале со грчките врсници поради името, објави „Макфакс“. До тепачката помеѓу двете тинејџерски групи дошло кога жена, Гркинка, ги слушнала младите ракометари како зборуваат на македонски во локалната играчница по што им пришла и ги прашала од каде се. Кога тинејџерите ѝ одговориле дека се од Македонија, таа почнала да се расправа со нив за името, а набргу потоа повикала група грчки тинејџери по што започнала жестока тепачка помеѓу двете групи, која завршила со потешки повреди.
Инцидентот завршил кога полицијата, која била повикана од некој од очевидците што присуствувале на настанот, интервенирала по што биле раздвоени двете групи.
По враќањето од Грција, некои од младите ракометари завршиле во болница, каде што им биле констатирани телесни повреди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА