Грчки репрезентативец потпишува за Ливерпул

Грчкиот репрезентативец Константинос Цимикас ќе биде првото засилување на Ливерпул во летниот преоден рок откако англискиот првак ги договори сите детали од трансферот со раководството на Олимпијакос. Клоп беше во потрага по нов лев бек што би бил резервна варијанта за Робертсон, а прва опција беше Џамал Луис од Норвич.

„Канаринците“ по испаѓањето од Премиер-лигата инсистираа на отштета од 20 милиони фунти што Ливерпул одби да ја плати за играч што нема да биде стандарден првотимец, по што вниманието беше насочено кон Цимикас. Олимпијакос ја прифати понудата од 11 милиони фунти на Ливерпул, фудбалерот е во завршна фаза од договор за личните услови, по што во текот на следната седмица ќе следат лекарските прегледи и официјализација на трансферот.

„Црвените“ во меѓувреме ги финишираат и преговoрите за ангажман на алжирскиот дефанзивец Aиса Манди од Бетис, кој треба да го замени Ловрен во одбраната, а главна желба на Јирген Клоп останува доведување на Тијаго Алкантара од Баерн Минхен.

Се вчитува...