Грегори Кожан: Ја имате најлудата публика во светот

Ракометарите на двократниот европски шампион Вардар загуби на домашен терен од француски Нант со 32-33 во првиот натпревар од новата сезона на домашен терен.

По мечот свое видување даде и тренерот на гостите Грегори Кожан…

„Неверојатно луд натпревар. Знаеме дека е многу тешко да се игра тука, но ние бевме посреќни и стигнавме до победа. И за мене е првпат во Скопје и навистина беше неверојатно“, изјави Кожан. 

Слично размислува и Тарафета…

„Луд натпревар првпат сум тука и навистина ова е најдобрата атмосфера во светот. Тежок натпревар од почетокот до крајот и среќни сме што победивме“, изјави Тарафета.

Се вчитува...