Грилиш: Многу е потешко отколку што очекував, можеби ќе ми треба една година да се прилагодам во Сити

Англискиот фудбалер Џек Грилиш истакнува дека може многу да пружи во дресот на Манчестер Сити, но дека му треба повеќе време за целосно да се прилагоди на начинот на кој функционира тимот на Пеп Гвардиола.

Грилиш летово пристигна меѓу „граѓаните“ од Астон Вила во трансфер вреден 100 милиони фунти. Тој потпиша договор до 2026 година. Досега Џек запиша три гола на 20 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона и исто толку асистенции.

„Досега работев добро, но имам уште многу да понудам. Многу е потешко отколку што мислев дека ќе биде. Сè уште учам, се прилагодам. Слушнав дека на некои луѓе им треба една година да се приспособат овде, можеби ќе ми треба толку. Тоа е лудо бидејќи стандардите овде се исклучително високи на теренот и надвор од него. Затоа овој клуб е толку успешен во последните години“, потенцираше Грилиш.

Се вчитува...