Грин: Не е важно каков однос ќе имам со Пул, важно е да победуваме

Дрејмонд Грин им се приклучи на соиграчите во Голден Стејт по тепачката со Џордан Пул за која не доби суспензија туку само парична казна и ќе настапи на последниот претсезонски натпревари во која актуелниот шампион силите ќе си ги одмери со Денер.

Говорејќи за медиумите тој не ја откри причината за инцидентот, но вети дека ќе продолжи да работи на теренот за неговиот тим да победува. Дали ќе има ист однос со Пул како порано не знае, но не зависи од него…

„Не треба да ве загрижува казната. Важни се разговорите кои се водеа во клубот, со соиграчите, со луѓето од управата, и сите останати кои се водени без мене. Ако клубот така одлучил тоа е важно, а не што мислат луѓето. Не разбирам што значи дали ќе има доверба? Дали ќе ја одиграм правата акција? Јас тоа секогаш ќе го правам. Не е лесно да се наруши пријателство, но инциденти се случуваат во текот на година. Имаме одлична тимска хемија, момци кои сакаат да победуваат, пријателството е нашата сила и нема да се промени поради еден инцидент“, вели Грин кој потоа се осврна и на Пул

„Двајцата сме професионалци, ова ни е работа. Двајцата победувавме низ кариерата, знаеме што е потребно и ќе го направиме тоа. Не сум сигурен дали ќе имаме ист однос, но не зависи од мене. Имаме иста задача за која сме платени и ќе направиме се за да ја завршиме“.

Се вчитува...