Грин: Преку глава ми е, јас не сум лут црн човек (ВИДЕО)

Кошаркарот на Голден Стејт, Дејмонд Грин одново е во центарот на вниманието поради недоличното однесување на теренот откако на вториот натпревар од четвртфиналната серија против Минесота влезе во конфликт со противничките кошаркари ударајќи го Наз Рид со лакт.

По крајот на натпреварот Грин во соблекувалната ја изрази својата фрустрација поради, како што вели самиот агентата која се води против него.

„Јас не сум лут црн човек. Јас сум многу успешен, едуциран црн човек, со фантастична фамилија. И сум многу добар во кошарка. Многу добар во тоа што го правам. Агендата која се обидува да ме претстави како лут црн човек е лудост. Преку глава ми е. Смешно е“, изјави Грин.

Се вчитува...