Гризман доаѓа на „Олд трафорд“: Манчестер јунајтед ќе исплати 100 милиони евра

Манчестер јунајтед го договорил трансферот на Антоан Гризман во летниот преоден рок, е веста која осамна во медиумите на Островот на почетокот на оваа седмица. „Црвените ѓаволи“ ќе платат отштета од 100 милиони евра, а Французинот ќе добие и фантастични услови за својот престој на „Олд трафорд“.

Жозе Мурињо интензивно бара нов напаѓач, а потрагата е уште позасилена откако Златан Ибрахимовиќ заработи тешка повреда на коленото и ќе паузира околу девет месеци, што значи дека ќе го пропушти и првиот дел од следната сезона. Португалецот го има Гризман за свој прв ‘пик’, а раководството на клубот во летниот преоден рок и дефинитивно треба да ја заврши работата која веќе подолг период се најавува.

Се вчитува...