Гризман не успеа да ја поништи глупоста на Пике и Нето – Барса само до бод против Алавес (ВИДЕО)

Барселона одигра само нерешено 1-1 на гостувањето кај Депортиво Алавес во 8. коло од шпанската Ла лига. Домаќините дојдоа до водство во 31. минута преку Риоха по големата глупост која ја направи Жерар Пике и голманот на Каталонците, Нето. Во меѓувреме и Лионел Меси во една ситуација ги загуби нервите поради што доби жолт картон од главниот судија на мечот.

Во вториот дел Барселона продолжи да напаѓа, а во 62. Алавес остана со играч помалку, откако по стартот над Пике, Жота доби втор жолт картон. Во следната минута Гризман тоа го казни и израмни на 1-1. До крајот Каталонците напаѓаа со сите сили, но домаќините успеаја да се одбранат и да стигна до злато вреден бод.

Барселона останува на очајното 12. место на табелата со 8 бода исто колку што има и денешниот противник кој е тринаесетти.

 

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...