Гризман нема дилема: Франција е главен фаворит за освојување на Светското првенство

Францускиот напаѓач Антоан Гризман смета дека неговата репрезентација е еден од фаворитите за освојување на Светското фудбалско првенство првенство.

Фудбалерот на Атлетико Мадрид истакна дека турнирот во Катар ќе биде доста конкурентен, но верува дека Франција ќе ја освои титулата.

„Меѓу фаворитите се Бразил, Аргентина и Шпанија, но верувам дека Франција ќе биде шампионот. Има уште време, остануваме претпазливи. Но, имаме добра репрезентација, немаме пораз девет натпревари по ред, ова е добар знак“, изјави Гризман за ‘АС’.

Францускиот тим е актуелен светски шампион. „Триколорите“ се во групата Д заедно со Данска и Тунис, а четвртиот тим ќе биде одреден подоцна. Тоа ќе биде Перу, Австралија или Обединетите Арапски Емирати.

Се вчитува...