Гризман: Со Меси го имам истиот проблем како и со Мбапе

И покрај тоа што во Барселона за 120 милиони евра беше доведен како огромно засилување, Антоан Гризман не ги оправда очекувањата на Каталонците. Во 48 одиграни натпревари постигна само 15 гола, дополнети и со четири асистенции… А, на сето тоа и е во лоши односи со Лионел Меси.

„Мојата иднина, без разлика на се, е во Барселона и среќен сум тука. Имам доверба во новиот тренер и се чувствувам одлично. Изминатава сезона беше комплицирана за мене, но тука сум и сакам да се докажувам. Точно е дека имам проблем со Меси. Но, се работи за истиот проблем кој го имам со Мбапе. Не успеавме на прва да ‘кликнеме’ на терен и сега ни треба време да почнеме да соработуваме како што треба. Но, мислам дека ќе ја пронајдеме заедничката игра“ – вели Гризман.

Се вчитува...