Гризман во искрена исповеда за која зборува цела Шпанија: „Го зае.ав Меси“

Третиот најскап фудбалер во историјата на Барселона, Антоан Гризман, по 18 месеци од доаѓањето во Барселона конечно одлучи отворено да прозбори за се пред шпанската јавноста во шоуто на Хорхе Валдано, поранешната ѕвезда на Реал Мадрид од осумдесеттите години на минатиот век.

И, неговата исповед веднаш е хит во Шпанија, токму поради начинот на кој отворено зборува и за Меси, и за каталонскиот тим и за сите случувања на теренот и надвор од него.

„Кога дојдов во Барселона реков дека нема да зборувам надвор од теренот туку само на него, но мислам дека по толку неоправдани и тешки критики на моја сметка време е да ги поставам нештата на нивно место. Предолго трпев секакви коментари и навреди на моја сметка“ – го почна Гризман своето 40-минутно обраќање.

„Мора да кажам дека ме заморува, ме растажува и прави депресивен секое утро да читам лоши вести за мене и за тимот. Преживувам тешка година, но убеден сум дека имаме тим за големи нешта. Тоа мора да го докажеме на терен, и како поединци и како тим. Сигурно не ни помага тоа што секој трет ден играме и патуваме на разни краеви од Шпанија или во Европа, поради што имаме многу повредени фудбалери“ – истакнува францускиот репрезентативец.

А, секако, не го заборава и неговиот однос со Лионел Меси.

„Уште првиот ден кога пристигнав во Барселона зборував со Меси. Ми рече дека сум го зае.ал со тоа што една година претходно одбив да дојдам во Барселона и така сум упропастил веќе договорен трансфер, затоа што тој јавно барал од раководството да ме доведат. Но, ми рече дека сега е со мене и тоа го покажува секој ден. Лео знае дека го почитувам и дека му се восхитувам“ – вели Гризман.

Но, лицата кои се декларираат како блиски до Гризман отворено во јавноста раскажуваат дека односот меѓу Меси и Гризман е очаен, поради што Аргентинецот претходно бараше објаснување од Французинот.

„Мојот поранешен агент Ерик Олхатс и јас немаме никаков однос ниту контакт откако се оженив. Го повикав на свадба, тој не се појави и од тогаш немаме никаков контакт. Мојот вујко, Емануел Лопес не знае како функционира фудбалот. Секој негов разговор со новинарите изгледа така што тие извлекуваат ставови и зборови од него кои немаат допирна точка со вистината. Му објаснив на Меси дека јас со мојот вујко не зборувам, дури и немам негов телефонски број. Меси го свати тоа и немаме никаков проблем“ – вели Антоан Гризман.

Се вчитува...