ГРК Охрид победнички ја заврши сезоната

Ракометарите на Охрид на победнички начин ја завршија сезоната 2023/2024 откако во последното коло од плеј-офот во мечот без никакво резултатско значење славеа над Тиквеш со 29-24.

 Гостите подобро го отворија натпреварот и брзо поведоа со 2-5. Сепак како одминуваше првото полувреме домаќините заиграа далеку подобро па на пауза заминаа со позитива од високи плус пет 16-11. До крајот на мечот избраниците на Стевче Алушовски рутински одиграа и на крајот славеа со 29-24.

Гоце Ојлески со осум гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените по седум постигнаа Кристијан Анастасовски и Срџан Мијатовиќ.

Охрид со освоеното четврто место догодина ќе ја претставува Македонија во ЕХФ купот, а за истото натпреварување барање за специјална покана ќе поднесе и Тиквеш.

Се вчитува...