Ракометарите на ГРК Охрид ја одбранија титулата на турнирот „Крсте Андоновски“ откако во финалето славеа против Вардар со 29-27 Ова за тимот од Охрид е втора победа против големиот ривал за само една недела откако во финалето славеа и на турнирот во Струга.
Поголемиот дел од првото полувреме помина во израмнета игра со многу ќотек, а во финишот охриѓани беа за нијанса подобри, па на пауза меѓу двете полувремиња заминаа со позитива од 12-10.
Во вториот дел домашните го контролираа резултатот, а нивната предност се движеше од два до четири погодоци за на пет минути до крајот со голот на Доминик Мате да стигнат и на плус пет (26-21). До крајот избраниците на Ројевиќ ја задржаа предноста за конечен триумф од 29-27.
Претходно, во натрпеварите за пласман за трето место Загреб по изведување на пенали славеше над Тримо Требње со 29-26. За петто место Војводина беше подобра од Нексе 33-30, додека Египет У20 славеше над Олимпијакос со 36-33 во мечот за седмо место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
