ГРК Охрид се засили со поранешен играч на Вардар и Е.Пелистер

25-годишниот лев бек Дејан Кукуловски е ново име во ГРК Охрид, соопшти клубот. Кукуловски потпиша едногодишен договор со клубот, и ќе биде уште едно засилување за овој тим во новата сезона 2024/25.

„Среќен сум што повторно се враќам во Македонија. Охрид прерасна во голем и амбициозен клуб. Верувам во овој тим и ќе дадам се од себе да помогнам за што подобар пласман во наредната сезона и се надевам заедно ќе имаме одлични резултати, изјави Кукуловски.

Во кариерата Кукуловски има настапувано за Вардар, Еурофарм Пелистер, а има и интернационално искуство настапувајќи во Брно од Чешка. Исто така го има носено дресот на сите младински и на сениорски категории на Македонија.

Се вчитува...