ГРК Охрид во еден меч забележа две победи против Војводина

Ракометарите на актуелниот шампион во ЕХФ купот, ГРК Охрид ја забележаа втората победа на традиционалниот турнир на кој се домаќините „Крсте Андоновски“ откако вечерва во СРЦ „Билјанини извори“ славеа над српска Војводина со 30-21.

Овој натпревар се важи и како дел од новото Регионално натпреварување, па охриѓани вечерва ја забележаа првата историска победа и во оваа лига. Избраниците на Ројевиќ го контролираа мечот во текот на сите 60 минути и на крајот заслужено стигнаа до триумф од 30-21.

Џукиќ, Иванковиќ и Мате со по пет гола беа први имиња во таборот на победникот, додека кај поразените Милета постигна четири гола.

Се вчитува...