Гркот Циципас по четири часа битка го „преживеа“ Синер

Гркот Стефанос Циципас, четврти носител на Австралија опен, се пласираше меѓу осумте најдобри во Мелбурн откако по четиричасовна битка со 3-2 во сетови го совлада Јаник Синер.

Циципас ја оправда фаворитската улога на почетокот од мечот кога ги доби првите два сета со идентични 6-4 и 6-4. Но, потоа нештата комплетно се променија, Синер заигра многу подобро, ги доби следните два сета со 6-3 и 6-4 и израмни на 2-2.

Сепак, Циципас не дозволи изненадување, па го доби решавачкиот сет со 6-3 и за точно четири часа игра славеше со 3-2 во сетови.

Во четвртфиналето Циципас ќе игра против чешкиот тенисер Лехецка кој денеска приреди изненадување победувајќи го Оже-Алиасим со 3-1 во сетови.

Се вчитува...