Вардар по повеќе од една деценија помина едно коло во квалификациите за ЛШ, но сака уште, да приреди уште едно пријатно изненадување за себе и за цела Македонија. Следна пречка е данскиот првак ФК Копенхаген, тим за респект, кој сепак не е и непобедлив.
Капитенот на „црвено-црните“, Бобан Грнчаров, еден од јунаците за елиминацијата на Малме, вели дека Вардар утре нема да се брани против Копенхаген. Напротив, ќе напаѓа и ќе бара победа.
„Несомнено се работи за многу квалитетна екипа. Тие се една класа подобри од Малме, затоа и играат речиси секоја година во ЛШ. Но, ние не се предаваме предвреме, ќе одиме на победа, како утре, така и наредната недела на реваншот во Данска. Играме на домашен терен, ќе тргнеме во офанзива и ќе бараме гол уште од првата минута. Добро ја знаеме нивната игра во напад, ги анализиравме, и ако не му дозволиме слободен простор на пред нашиот гол, мислам дека можеме да ја сочуваме нашата мрежа мирна“, изјави капитенот Грнчаров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА