Грожан и Магнусен го напуштаат Хас

Возачот на формула 1 тимот на Хас, Роман Грожан го напушта тимот по крајот на сезоната. По пет поминати години во овој тим, францускиот возач на крајот на годината ќе го напушти клубот. 32-годишникот кариерата во Ф1 ја почна во 2009 година како возач на Рено, каде беше заедно со Нелсон Пике Жуниор.

Од 2012 до 2015 возеше за Лотус, а во тимот на Хас стигна во 2016 година. Досега 10 пати се најде на подиумот, а се уште не е познато дали ќе остане во „најбрзиот циркуз“ во светот или ќе премине во некој од другите шампионати на ФИА.

Покрај искусниот Французин на крајот на сезоната Хас ќе се раздели и со својот втор возач, Кевин Магнусен. Магнусен во Хас стигна во 2017 година од редовите на Рено, а во кариерата возеше и за Мекларен.

Се вчитува...