Грција ја доби Словенија во „Стожице“, Франција сигурна со Црна Гора

Кошаркарските репрезентации кои ќе бидат дел од Светското првенство почнаа со своите подготовки и контролни натпревари.

Дербито вечерва се играше во „Стожице арената“ во Љубљана каде Грција славеше против домашната Словенија со 91-98.

Кај победникот Папаниколау со 18 поени беше прво име, додека кај Словенците недоволен беше трипл-дабл учинокот на Лука Дончиќ кој натпреварот го заврши со 21 поен, 10 скока и 14 асистенции.

Пријателски меч одиграа и Франција и Црна Гора на кој галските петли славеа со 80-69.

Се вчитува...