Анчелоти: Рано е за славење, сакаме финале во ЛШ

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти изјави дека е задоволен од победата против Кадиз и освоената титула во шпанската Ла Лига.

Тој истакна дека мадридскиот клуб сака да се пласира во финалето на Лигата на шампионите, пренесуваат шпанските медиуми.

Фудбалерите на Реал Мадрид славеа над Кадиз со 3-0, а по триумфот на Жирона над Барселона од 4-2, тие на четири кола пред крајот на првенството ја обезбеди титулата во шпанското првенство.

„Може да се каже дека чувствувам воздржана среќа. Најважниот натпревар е многу блиску до нас. Среќни сме со победата, но беше тешко да се подготви овој натпревар бидејќи сите размислуваме на Баерн. Некои други играчи добија шанса. Рано е за славење, бидејќи наша цел е да играме финале во ЛШ“, изјави Анчелоти.

Се вчитува...