Грците обвинуваат: Победата на Ц. Звезда е наместена со „српско-француски заговор“!

Белградска Црвена Звезда со пресврт и три гола во второто полувреме успеа да слави со 3-1 против грчки Олимпијакос во Лигата на шампионите. Но, Грците веднаш се појавија со обвинувања дека мечот е всушност наместен со „српско-француски заговор“.

Интересно, но како што пренесуваат дел од грчките медиуми, а за што наводно имале и докази, „заговорот“ почнал уште пред една година кога паднал договор меѓу Србија и Франција секогаш да си помагаат меѓусебно кога ќе се погодат нивни судии на натпревари на екипите од спротивната земја. Па, така овој пат францускиот судија Беон Бастилјен и помогнал на Црвена Звезда на патот кон победата.

А, всушност се стартувало со натпреварот меѓу Франција и Германија на 16. октомври минатата година кога српскиот судија Милорад Мажиќ досудил пенал во 84. минута за триумф на „триколорите“. По натпреварот и германскиот судија Јоаким Лев посочил дека судијата имал договор со Франција.

Грчките медиуми наведуваат дека последната година уште неколку француски судии помогнале на српски екипи, меѓу кои и Партизан, во европските натпреварувања.

Се вчитува...