Група Ф: Германците играат додека не победат

Секунди ја делеа Германија од елиминација и разделба од титулата светски првак уште по првата фаза од Мундијалот во Русија. По шокантниот пораз од Мексико, на Германците им беше потребна победа против Шведска, а таа дојде со голот на Тони Крос во 95.минута од мечот. Светските прваци се повторно „живи“ и денеска треба да ја дозавршат работата против селекцијата на Јужна Кореја. Во вториот дуел од оваа група, ќе играат Мексико и Шведска.

Селекторот Јоаким Лев нема да може да смета на суспендираниот Боатенг, неизвесен е и Хумелс, како и играчот за врска Руди. Но, Германците имаат широк ростер, а можно е и Марио Гомез да добие денеска шанса во тандем со Тимо Вернер.

„Јужна Кореја не е само Сон, туку тоа е хомогена селекција која може да го загрози секого со брзи противнапади. Мораме да внимаваме да не ја губиме топката на отворен простор. Јасно е, мораме да постигнеме два гола повеќе од противникот и ќе имаме отворен пат кон осминафиналето“, изјави Јоаким Лев.

На Мексико му е потребен бод против Шведска за да го осигура првото место во групата. Но, селекцијата на Осорио не смее да се опушти, затоа што во случај на пораз, како и победа на Германија, ќе мора да ги пакува куферите.

„Мислам дека не треба ништо да менуваме. Одиме да освоиме нови три бода и да завршиме како првопласирани во групата. Позицијата во која се наоѓаме во моментот, не треба да влијае на нашата игра“, истакнува селекторот на Мексико.

Швеѓаните исто така не се отпишани. Потребен им е триумф над Мексико за да ги продолжат настапите на Светското првенство и во нокаут фазата.

 

Се вчитува...