Грузија го „лапна“ четвртиот барабан пред ждребот за ЕП, поразот во Ереван не остави под летвичката

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе биде сместена во петтиот барабан на претстојниот ждреб за квалификациите за Европското првенство во 2020 година. И покрај првото место во групата 4, сепак, Грузија е селекцијата која оствари најдобар ефект во комплетната Лига Д и го „лапна“ местото во четвртиот барабан. Ова секако ќе донесеше многу полесни ривали за Македонија во квалификациската група, со условно две послаби селекции.

Нашит национален тим е веднаш зад летвичката, на 41.позиција во рангирањето, а Грузија, која освои 16 бода во групата 1, со пет победи и едно реми, се протна во четвртиот барабан. Ако анализираме, тогаш јасно е дека поразот во Ереван од Ерменија (4-0) ја остави Македонија во петтиот сад во пресрет на извлекувањето на противниците во квалификациите за ЕП 2020. Сепак, Македонија успеа да обезбеди пласман во плејофот во Лигата на нации и да се пласира во Лигата Ц од ова натпреварување.

 

Се вчитува...