Грузијците мотивирани до максимум: Ништо нема да не спречи да дојдеме до победа

Без разлика на сите проблеми со кои се соочуваат по откажувањата, поради повреди и позитивен тест на Ковид-19, на неколку клучни репрезентативци, Грузијците се повеќе од убедени дека може до победа против Македонија која ќе ги однесе на Европско првенство.

Огромна е самодовербата во составот на Владимир Вајс во пресрет на средбата. Ника Квеквешкири потенцира дека без разлика што ќе им недостасува првата ѕвезда, Квича Кварецкилија од Рубин Казан, ќе го дадат максимумот за да се дојде до настап на ЕП.

„Го живееме сонот за пласман на ЕП. Ќе направиме се на терен за да го израдуваме секој Грузиец. Јасно е дека многу ќе ни недостасуваат навивачите, но оваа репрезентација која живее како едно семејство многу добро знае што значи за нас овој натпревар. Штета што нема да играме во најсилен состав но секој кој ќе истрча на терен ќе го даде максимумот за победа“ – вели Квеквешкири.

Натпреварот меѓу Грузија и Македонија се игра од 18 часот на „Динамо арена“ во Тбилиси.

Се вчитува...