Гуглета од Пелистер направи трансфер во тим од ЛШ

Александар Гуглета дојде во Пелистер минатиот месец и беше најавуван како големо засилување за битолскиот клуб во клучниот дел од сезоната. Сепак, крилниот ракометар нема долго да остане во Битола откако веќе си осигура трансфер за наредната сезона, и тоа во клуб што настапуваше во Лигата на шампионите.

Станува збор за финскиот првак Кокс, кој сезонава дебитираше во елитното европско натпреварување.

„Постигнавме договор со Гуглета, кој ќе ни се приклучи во текот на летото и ќе остане во клубот во следните две сезони“ – соопштија од управата на Кокс.

Се вчитува...