Македонскиот пливачки репрезентативец Никола Ѓуретановиќ со настапот во квалификациите на 400 метри го заврши своето учество на ЕП во Париз.
Македонскиот тинејџер ја мина делницата за време од 4:04.05 минути, значително послаб резултат во однос на најдоброто време во кариерата на Ѓуретановиќ.
Ѓуретановиќ имаше 19 секунди послабо време во однос на најбрзиот во квалификациите, Германецот Оливер Клемет.
Нашиот репрезентативец ги заврши овие квалификации на 49. место од вкупно 55 пливачи кои се појавија во базенот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
