Ѓурѓевиќ е херојот на Влазнија, Крсте Велкоски елиминиран со Сараево

Довчерашниот офанзивец на Работнички, Фахрудин Ѓурѓевиќ е херојот на албанскиот прволигаш Влазнија во првото квалификациско коло од УЕФА Конференциската лига.

Влазнија на реванш дуелот славеше со 3-0 против босанскиот Широки брег, на тој начин успевајќи да ја анулира предноста од 1-3 на Босанците од првите меч и да се пласира во следната рунда натпревари на европската сцена. А, Ѓурѓевиќ беше стрелец на два гола во триумфот на својот тим. Најпрво погоди за 1-0 во 46. минута, а потоа и за 3-0 во 79. минута.

 

Крсте Велкоски, пак, со Сараево доживеа неочекувана елиминација од молдавскиот Милсами. По оние 0-0 од првиот натпревар, сега Сараево на домашен терен загуби до 0-1. Велкоски го одигра првото полувреме во дресот на Сараево.

Се вчитува...