Гути повторно ужива во маките на големиот ривал: Среќен сум кога гледам како губат

Легендата на Реал Мадрид, Хозе Марија Гутиерез Гути ужива во проблемите што ги има најголемиот ривал на Реал, Барселона. Каталонскиот гигант претрпе тешки порази под водство на Роналд Куман, кој е пред отказ, а тешката ситуација во редовите на големиот ривал многу го израдува Гути.

Поранешниот фудбалер на Реал прво објави дека нема да има проблем да седи на клупата на Барса, а потоа рече дека ужива во нивните маки.

„Барселона е во комплицирана економска ситуација и отказот на Куман ќе ги чини дополнително. Ако дојде Чави и го предводеше тимот, како што играше, ќе беше прекрасно. Тој има ДНК на Барса, но мислам дека не е вистинско време за да дојде. Барселона? Зошто не? Јас сум слободен и сакам да покажам дека сум добар и како тренер”, рече Гути.

Екс-фудбалерот на Реал по неколку часа се премисли, па во интервју за „Ел Ларгуеро“ изјави дека ужива во маките и поразите на Барса.

„Сите ме прашувате за Барселона. Зошто го реков тоа? Не знаев повеќе што да кажам и така одговорив. Како играч на Реал Мадрид, секогаш велев дека уживам кога гледам како Барселона губи. Никогаш не би отишол таму бидејќи тие веќе имаат доволно неред во клубот“, истакна Гути.

Гути го носеше дресот на „кралевите“ од 1999 до 2010 година. Одигра 542 натпревари и постигна 77 голови и освои апсолутно се’ со овој тим.

 

 

 

 

Се вчитува...