Ѓурковски и Фетаи дополнително повикани во младата репрезентација

Александар Ѓурковски од Тиквеш и Имран Фетаи од Гостивар се двете нови имиња во редовите на младата репрезентација на Македонија. Тие се повикани откако откажа Славе Маркоски, фудбалерот на Охрид кој нема да биде на располагање поради повреда.

Ѓурковски веќе има шест настапи за младата селекција, додека за Фетаи ова би било деби настап, со оглед дека досега настапуваше за помладите У-19 и У-17 селекции.

Младата селекција на 11. ноември во Скопје игра со Украина, додека пет дена подоцна ја пречекува Франција.

Се вчитува...