Ѓуроски: Физичката подготвеност го одлучи победникот

Стојан Ѓуроски беше еден од најзаслужните за триумфот на МЗТ на синоќешниот дерби меч против Соколи во рамките на македонскиот кошаркарски шампионат. Ѓуроски, постигна 15 поени и е задоволен што придонесе за победата на тешкиот натпревар.

„Очекувавме тежок натпревар, тоа и го добивме. Победникот го одлучи енергијата, односно физичката подготвеност. Знаевме дека ќе биде тежок дуел, за ова се подготвуваме цела недела, бидејќи тимот на Соколи има поквалитетен ростер од другите тимови во Првата лига.  Моравме да дадеме екстра напор за да стигнеме до посакуваните бодови.  Имавме грешки во одбраната при превземањето, но и домаќинот погодуваше многу тешки шутеви. Има уште многу да се игра, но ова е голем чекор за нас кон титулата. Сега ни преостанува да се подготвуваме за следниот натпревар против Куманово“ – изјави Ѓуроски по триумфот на „штрковите“.

Се вчитува...