Ѓуроски солиден во победата на Аликанте над Рио Бреоган

Стојан Ѓуроски со својот Аликанте стигна до победа на гостувањето кај Рио Бреоган со 82-85 во натпревар од втората шпанска лига. Гостите во текот на целиот меч го контролираа резултатот и на крајот успеаја да стигнат до седмата победа во победничкиот пат за пласман во елитното шпанско натпреварување.

Нашиот интернационалец го заврши натпреварот со три поени надополнети со исто толку скока и две асистенции.

 

 

 

Се вчитува...