Густаво Ајон стави крај на професионалната кариера

Мексиканскиот кошаркар, Густаво Ајон ја заврши професионалната кариера. Мексиканецот најдобрите партии во кариерата ги имаше во дресот на Реал Мадрид со кој два пати ја освои Евролигата.

Во НБА лигата мексиканскиот центар играше за Њу Орлеанс, Орландо, Милвоки и Атланта.

„Не размислував долго. Во текот на мојата кариера научив да водам сметка за своето тело и да препознаам кога сум ефикасен, а кога не. Сега ми е потребно повеќе од 24 часа како би можел да се опоравам. Се повлекувам како добар играч“, изјави 37-годишникот. 

Се вчитува...