Гвардиол искрено како никогаш досега: Малку недостигаше…

Јошко Гвардиол дојде во Манчестер Сити пред две години и веднаш се етаблираше како еден од столбовите на тимот на Пеп Гвардиол. Сепак, малкумина знаат дека лесно можеше да тргне по друг пат и да се откаже од фудбалот.

Самиот Гвардиол го призна ова во интервју за „BBC Sport“.Тоа се случило кога имал 16 години додека бил дел од Динамо Загреб.

„Размислував да се откажам од фудбалот, бидејќи ми се допаѓаше и кошарката. Не бев сигурен дека сакам да продолжам со фудбалот, бидејќи во тоа време не се чувствував премногу среќен кога доаѓав на тренинг. Барав други опции каде што се чувствував посреќен, а тоа го чувствував кога играв кошарка со моите пријатели“, рече Гвардиол.

Се вчитува...