Гвардиола: Беше опасен натпревар, но убав за гледање

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола не ги обвини своите играчи, иако примија 3 гола за 10 минути во победата над Лестер со 6-3.

Напротив, Каталонецот ги пофали своите фудбалери за одиграниот натпревар и покажаната ефикасност која им донесе нови три бода и зацврстување на премиерлигашката табела.

„Беше добар натпревар за гледање и стигнавме до нови три бода, одиме напред. Квалитетот на играчите што ги имаме ни создаде толкав број можности за гол. Нема менаџер и тактика што може да го направи ова без талент. Беше чудно. И при 4-0 во првото полувреме секогаш кога ја имаа топката стигнуваа до нашиот шеснаесетник. Многу се движеа, мајстори се за контранапади. Во второто полувреме направија измени. Натпреварот беше многу опасен. Не игравме како што треба по паузата, Рубен Диаз не беше агресивен бидејќи доби жолт картон. Затоа беше повнимателен“, додаде Гвардиола.

Се вчитува...