Гвардиола: Четири титули во Англија? Никој не успеал тоа да го направи

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, им порачал на фудбалерите да заборават на освојување на четири трофеи сезонава. Сити триумфираше во Лига купот, а по победата над Кардиф синоќа се врати и на врвот во Премиер лигата. „Граѓаните“ в сабота ги очекува меч од полуфиналето во ФА купот против Брајтон, а потоа и првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампионите против Тотенхем.

„Во само три дена можеме да загубиме три трофеи. Зошто да зборуваме за четири титули, кога во Англија тоа на никој не му успеало. Легендарни тимови како Ливерпул, Манчестер Јунајтед со Фергусон, Челси со Мурињо и Арсенал со Венгер не успеале. Зошто да успееме ние? Не можам да влијаам на тоа што мислат играчите и навивачите. Ако сакаат да сонуваат, нема ништо да им кажам. Секако се обидов на фудбалерите да им посочам дека не смеат да размислуваат на тој начин“, вели Гвардиола.   

Се вчитува...