Гвардиола: Далеку сме од титула, во игра се уште 54 бода

Манчестер Сити ја зголеми предноста во однос на Ливерпил на врвот на табелата откако славеше со 0-1 на гостувањето кај Брентфорд во 20. коло од Премиерлигата. Со овој триумф „граѓаните“ побегнаа на +9 во однос на второпласираниот Ливерпул и се на добар пат да стигнат до нова титула во англиското првенство.

Сепак тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола не мисли така. Шпанскиот стратег вели дека никој на постанал шампион во декември, а и покрај тоа што има висока предност во однос на второпласираниот тим на табелата во игра се уште 54 бода.

„Уште 54 бода се во игра. Во декември никој не постанал шампион. И ние ќе загубиме натпревари. Ни следат Арсенал, Челси, Саутемптон… Почнуваме од Арсенал во Лондон кој игра игра во сјајна форма. Тоа е можеби најдобриот Арсенал во последните неколку години. Морам да останеме фокусирани како досега“, изјави Шпанецот.

Се вчитува...