Гвардиола дава 80 милиони евра за Кулибали

Манчестер Сити ја загуби шампионската трка со Ливерпул оваа сезона во Премиер – лигата, но Пеп Гвардиола веќе се подготвува за следниот шампионат. Анализите покажуваат дека одбраната е послабиот дел од тимот на „граѓаните“ и Гвардиола нема да штеди пари за да го засили бедемот пред голот на Едерсон.

Англискиот премиерлигаш нуди 80 милиони евра за ангажман на дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали. На фудбалерот му е понуден петгодишен договор со одлични услови, речиси двојно поголема годишна плата од сегашната во Неапол.

Како што наведуваат италијанските медиуми, претседателот Аурелио де Лаурентис, кој порано категорично бараше најмалку 100 милиони евра отштета за Кулибали, сега го омекнува ставот и подготвен е да преговара за продажбата на Кулибали.

Се вчитува...