Гвардиола: Де Бруин не беше стартер од тактички причини

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, призна дека од тактички причини го изостави Кевин де Бруин од првиот тим на синоќешниот натпревар против Тотенхем. Во првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампионите Сити е поразен од Тотенхем со 1-0, а Белгиецот во игра влезе во 89. минута.

„Одличив во средината да играм со двајца дефанзивни фудбалери за да бидеме поцврсти. Знам дека на Де Бруин тешко му падна мојата одлука“, вели Гвардиола. 

Агуеро промаши пенал за „граѓаните“ во 13. минута, а домаќините славеа со голот на Сон.

„Сега знаеме што треба да направиме. Имам чувство дека натпреварот беше добар, ја имавме контролата и создадовме неколку добри шанси. Во најголемите натпреварувања има и натпревари кои не можеш да ги добиеш, мораме да живееме со тоа, но одиме понатаму“, додаде Гвардиола. 

Реванш дуелот од четвртфиналето во Лигата на шампионите меѓу Манчестер Сити и Тотенхем ќе се одигра на „Етихад“ на 17. април.

Се вчитува...