Гвардиола добива нов договор од Манчестер Сити до 2024

Англискиот премиерлигаш Манчестер Сити доживеа шокантна елиминација од Лион во четвртфиналето на Лигата на шампионите, но тоа нема да го промени курсот на раководството за задржување на менаџерот Пеп Гвардиола на клупата. „Граѓаните“ сакаат да го задржат шпанскиот стратег на „Итихад“ до 2024 година и понудата за нов договор веќе е на неговата работна маса. Челниците на клубот очекуваат тој да ја прифати понудата и да остане во клубот верувајќи дека во наредниот тригодишен период ќе биде освоен и трофејот во Лигата на шампионите.

Пеп Гвардиола ќе добие и нови 200 милиони евра за засилувања веќе во овој летен преоден рок. Манчестер Сити ги доведе Натан Аке и Феран Торес, но настапите во ЛШ, а и послабата сезона во Премиер – лигата, потврдија дека е потребно поголемо реновирање на ростерот. Британските медиуми шпекулираат дека Гвардиола е сериозно заитересиран и за Пауло Дибала од Јувентус.

 

 

Се вчитува...