Гвардиола е тренер со најголем број победи во 21. век против Реал Мадрид

Манчестер сити со пресврт стигна до триумф од 1-2 против Реал во Мадрид во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите.

Англичаните имаа извонреден резултат пред реваншот кој се игра на Етихад на 17. март. Оваа победа посебно е слатка за Пеп Гвардиола кој зададе нов удар за Реал на „Сантијаго Бернабеу“. Тоа претходно му успеваше со Барселона, а синоќа и како тренер на Сити.

Гвардиола со синоќешниот триумф стана тренер со најголем број победи против Реал Мадрид во 21. век во сите натпреварувања. Гвардиола со своите екипи десет пати славел против „кралевите“, а зад него се Ернесто Валверде и Диего Симеоне кои имаат по девет победи.

 

Се вчитува...