Гвардиола: Еве зошто Алекс Фергусон е најдобриот тренер на сите времиња…

Пеп Гвардиола викендов заминува од Манчестер Сити заокружувајќи ја најуспешната ера во клупската историја откако освои се што можеше да се освои како предводник на „„граѓаните“.

Британската јавност на испраќање го опишува Пеп како најдобар стратег во премиерлигашката историја, но каталонскиот стручњак јасно стави до знаење дека не се согласува со тие тврдења – епитетот најдобар насочувајќи го кон легендарниот Сер Алекс Фергусон.

„За мене, Сер Алекс Фергусон е најдобриот фудбалски тренер на сите времиња. Причината е едноставно – успехот во фудбалот не се мери само со освојување на трофеи, туку и со покажување на величина низ подолг период. Тој го изгради Манчестер јунајтед повторно и повторно, со нови генерации фудбалери, задржувајќи го истиот менталитет, истата дисциплина и жед за победа. Тоа ниво на константност е невозможно во модерниот фудбал. Она што најмногу ме воодушевува, тимовите на Сер Алекс секогаш имаа карактер, без разлика кои фудбалери беа на терен, тоа секогаш беше тим со верба во себе, со интензитет, со желба за победа до последната секунда. Многу тренери ширум светот, вклучувајќи ме и мене, учеа од неговиот менталитет, од лидерството на Фергусон и неговата способност да создаде победничка култура што ќе трае со години“, истакна Гвардиола.

Се вчитува...