Гвардиола фатен во афера со затајување данок, Каталонецот криел пари додека бил во Барселона?

Светската јавност вчера беше изненадена откако беа објавени тајни документи познати како „Пандора документи“, кои го открија богатството на 35 светски лидери, но и повеќе од 300 други лица, меѓу кои е и Пеп Гвардиола.

Тренерот на Манчестер сити се најде во документите поради тајна сметка во Андора. Шпанските медиуми објавија дека Гвардиола така избегнувал плаќање на данок додека сметката ја отворил уште додека бил фудбалер на Барселона.

На сметката во Андора, Пеп има околу 500.000 евра за кои платил само 10 отсто данок, а овие пари ги заработил во финишот на својата кариера како фудбалер.

Гвардиола го сокрил својот идентитет и се претставува како член на фирмата „Репокс Инвестментс“. Оваа банка ја користел Гвардиола и додека бил тренер на Барселона, а сега се објавени сите податоци во јавност.

Шпанскиот тренер не ги пријавил тие пари до даночната служба во Шпанија, па сега се очекува потег од нив.

Се вчитува...