Манчестер сити е во трка за пласман во Лигата на шампионите следната сезона, но, сепак, јасно е дека не се исполнети до крај амбициите на „граѓаните“ во Премиер – лигата. Токму поради ова менаџерот Пеп Гвардиола ќе направи голема реконструкција на тимот по завршувањето на сезоната. Најавени се бројни заминувања од „Етихад“, а шпанскиот стратег размислува за дел од новите засилувања. Една од неговите желби е играчот за врска на Лион и француски репрезентативец, Корентин Толисо.
22-годишниот креативец игра одлична сезона во редовите на Лион, а тоа Гвардиола го следи мошне внимателно. Ќе се обиде да го ангажира во летниот преоден рок за сума од околу 35 милиони фунти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА