Гвардиола го носи Тијаго Алкантара во Манчестер Сити

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, повторно сака да соработува со Тијаго Алкантара, фудбалерот кој своевремено го доведе и во Баерн Минхен, кога седеше на клупата на германскиот клуб. Шпанскиот стратег бара нов играч за врска, со оглед дека Бразилецот Фернандињо ќе го напушти „Етихад“, а би сакал да го има повторно Тијаго во својот тим.

Алкантара во 2013 година ја изненади шпанската јавност со трансферот во Баерн Минхен за сума од 25 милиони евра. Оттогаш одигра 114 натпревари за баварскиот клуб, а Гвардиола нуди 50 милиони фунти за да го доведе во Манчестер сити.

Се вчитува...