Гвардиола го носи Виктор Валдес во Манчестер сити?

Шпанскиот стратег на кормилото на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, сака да го доведе својот сонародник Виктор Валдес во редовите на „граѓаните“ ова лето. Тој е слободен агент откако Мидлсборо испадна од елитната конкуренција, па ќе може да пристигне на „Етихад“ без отштета.

Гвардиола и Валдес имаа фантастична соработка во редовите на Барселона во минатото, а сега би можеле повторно да ја обноват, во таборот на Манчестер сити. Менаџерот на „граѓаните“ не погоди со изборот на прв голман оваа сезона. Тој го доведе Клаудио Браво токму од Барселона, но чилеанскиот голман не ги исполни очекувањата. Во вториот дел од сезоната, на голот на Манчестер сити поголема шанса добива Вили Кабалјеро.

Се вчитува...