Гвардиола го загуби Габриел Хесус за неколку седмици

Англискиот премиерлигаш Манчестер сити го загуби напаѓачот Габриел Хесус за наредните неколку седмици. Бразилецот се повреди на мечот против Кристал Палас, откако во 11.минута се лизна и падна на теренот со широко раширени нозе. Тој издржа уште десетина минути во игра, а потоа мораше да биде заменет.

На негово место Гвардиола во игра го внесе Серхио Агуеро, а дополнителните лекарски прегледи ќе покажат за каква повреда се работи во случајот на Габриел Хесус.

Се вчитува...