Пеп Гвардиола сонува за нова шампионска титула со Манчестер Сити, но за тоа да се случи на „граѓаните“ ќе им треба „кикс“ на Арсенал на еден од последните два меча во кои „топчиите“ најпрвин ќе го пречекаат Барнли, а потоа во последната рунда ќе му гостуваат на градскиот рривал Кристал Палас.
Бодовите со Барнли „се однапред впишани“ ако се знае дека овој тим е веќе испаднат од елитното друштво, но Пеп Гвардиола решил да ги мотивира фудбалерите на оваа екипа, нудејќи им ексклузивни подароци.
Како што информираат англиските медиуми, стратегот на Сити ветил 25 ексклузивни ролекс часовници за фудбалерите и членовите на стручниот штаб на Барнли. Се што треба да сторат е – да останат непоразени на „Емирати“. Што да биде реални, е речиси невозможна мисија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
