Гвардиола има понуда од 90 милиони евра…!

Иако сè уште не е официјално, се поизвесно е дека Пеп Гвардиола ќе ја заврши својата ера во Манчестер Сити ова лето.

Каталонскиот стручњак ќе заврши една деценија исполнета со страст, работа и успех, со верување дека неговата мисија на „Етихад“ е исполнета. А, неговото враќање на тренерскиот трансфер-пазар предизвика вистинска лавина од понуди.

Иако е под договор со Сити, Каталонецот отсекогаш бил поврзуван со врвни клубови и елитни репрезентации. Самиот Гвардиола во неколку наврати изјави дека е привлечен од идејата да води нционален тим, што би било сосема ново искуство за него во неговата кариера.

Саудијците му нудат богатство

Според шпански „Спорт“, оваа можност веднаш активираше неколку асоцијации кои сонуваат за натпреварувачки пробив под водство на каталонскиот тренер. Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија наводно веќе покажаа интерес за неговите услуги по веста за можно заминување од Сити.

Во случајот со Саудиска Арабија, влоговите би биле особено високи. Наводно, пред него е ставено вистинско богатство, со износи што би можеле да достигнат до 90 милиони евра по сезона, вклучувајќи плата и бонуси.

Мароко и италијанските гиганти се исто така во игра

Мароко, исто така, внимателно ја следи ситуацијата на Гвардиола. Мароканската федерација во него гледа фигура способна да го забрза нивниот проект и да го зајакне тимот како стабилна сила на светската сцена.

На клупско ниво, Италија е исто така на радарот. Милан и Јувентус долго време сакаа врвен тренер за да ја вратат нивната стара сила во Европа.

Се вчитува...